Фудбал
10. July 2015 - 13:20

Рама-„Правдата е задоволена“, Вучиќ-„Европска правда, светска неправда“!!!

Одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана , Албанија да го добие службено со 3-0 прекинатиот меч со Србија во Белград на твитер ја поздрави премиерот на Албанија, Еди Рама кој напиша: „ Тоа е европска правда, три бода за црвено-црните во Белград“. 

На ова веднаш реплицираше српскиот премиер Александар Вучиќ исто така на твитер: „ Да ова е европска правда, но светска неправда. 
Вучиќ коментираше дека оние кои го направиле инцидентот во Белград се наградени а тие кои биле жртва казнети. 
 
Одлуката во Лозана е срамота за правото, правдата и претставува навреда за сите нормални луѓе“ - наведе Вучиќ.