Македонија
12. July 2016 - 13:26

Пуштен во употреба новиот модерен кружен тек во Гази Баба

Во присуство на градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска официјално беше пуштен во употреба новиот кружен тек.

Нов кружен тек меѓу улиците „16. Македонска бригада„ и „Коце Металец“ кој ги поврзува населбите Автокоманда и Железара во општина Гази Баба финансиран од Градот Скопје со вкупна вредност  од 53,6 милиони денари.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски рече дека кружниот тек како ново сообраќајно решение  ќе придонесе да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот кои транзитираат од населбата Автокоманда кон Бутел и Чаир и обратно.

-На местото на постојната крстосница меѓу улиците беше формиран кружен тек со дијаметар од 60 метри. На самиот кружен тек се формирани две сообраќајни ленити со вкупна широчина од девет метри. Извршена е рекострукција на улицата „16. Македоска бригада“, на должина од 390 метри, како и дел од улицата „Коце Металец“ во должина од 240 метри. Околу кружниот тек и на влезните улици е уреден нов тротоар со ширина од три метри и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри, појасни Трајановски.

На пуштањето во употреба на кружниот тек во Автокоманда присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој истакна дека станува збор за одлично завршен проект што ќе овозможи поголема безбедност на сообраќајот во овој дел. Просторот е, вели, и хортикултурно уреден и ќе претставува и едно убаво место во градот.

kruzen3

Тој во разговор со градоначалникот Трајановски беше информиран дека во моментов на територијата на Град Скопје во сите 10 општини се реализираат барем по два инфраструктурни проекта во вредност од милијарда и 92 милиони денари.

Во Сарај се реализираат два проекта, една улица се привршува, а друга се почнува, во општина Ѓорче Петров се работи на две улици, а трета наскоро ќе биде пуштена во употреба. Според Трајановски, работите на проширувањето на булеварот „Партизански одреди“ се очекува да бидат завршени на 26 јули. Од особено значење, додаде, било пробивањето на ул. „Борис Сарафов“ која сега после 40 години ќе прерасне во булевар, а која беше услов за да се работи на булеварот „Ѓорче Петров“.

kruzen5

Меѓу проектите Трајановски ги спомна и проектите во општина Центар каде се работи на улицата „Салвадор Аљенде“, во Кисела Вода каде се во тек три проекти, меѓу кои и булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, во Аеродром течат работите на „Трета македонска бригада“ и бул. „АСНОМ“, а преостанат е, нагласи, уште делот за атмосферска канализација во село Долно Лисиче што беше ветена при неодамнешната средба со граѓани во ова населено место.

Груевски се заинтересира и до каде се работите на водоводот во општина Шуто Оризари. Според Трајановски, работите на овој проект треба да бидат завршени наесен, а Град Скопје помогнал и во расчистување на теренот за изградба на отворениот базен. Во општина Чаир во моментов, рече, исто така, се спроведуваат два крупни проекта – се работи на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ и на атмосферската канализација која ќе помогне да се намалат проблемите при пообилни дождови.

kruzen4

Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски информира дека покрај завршувањето на кружниот тек, се работи на ул. „Маџари“, а треба да се изгради и атмосферска канализација во наслебата Триангла. Тој посочи и дека веќе започнале со изградба на инфраструктурата во новата населба Хиподром 2 за која, вели, има голем интерес. Досега биле продадени 70 парцели, а оваа недела најаваи дека на продажба ќе бидат понудени уште шест парцели

Инаку градоначалникотТрајковски истакна дека кружниот тек е реализација на ветување до граѓаните бидејќи, како што рече, на овој дел од населбата се случувале многу сообраќајни незгоди. Според него кружнит тек ќе го олесни движењето до индустриската зона во Железара, здравствениот центар како и до спортските терени.

За одведување на атмосферските води од кружниот тек е изградена атмосферска канализација со Ф600 милиметри и Ф400 милиметри, на вкупна должина од 634 метри. Извршена е заштита на гасоводната цевка, а поставена е и нова водоводна мережа со Ф200 милиметри во должина од 52 метри.

kruzen1

Кружниот тек е осветлен со 35 столба со моќност од 250 вати. Во средишниот дел на кружниот тек и од страните уредена е вкупна зелена површина од 11.800 квадратни метри.  Во зеленилото е поставен систем за полевање со 34 прскалки, 22 хидранти, 13 шахти и жчетири шахти за систем капка по капка. Во кошницата што го краси кружниот тек и околу неа се засадени околу 10.000 цвеќиња.