Првото бебе во Куманово е машко
Првороденото бебе во Куманово е машко, второ дете во семејството Ангеловски. Бебето е родено десет минути по полноќ, тешко е три килограми и 52 сантиметри долго. Денеска, претставници на општина Куманово и општата болница ги посетија мајката и новороденчето.
Мајката Маја и бебето Стефан се чуствуваат добро, а дома ги очекуваат таткото и постарото братче.
Секретарот на општина Куманово, Десанка Стошевска им ја честиташе рожбата на семејството Ангеловски од име на градоначалникот, Советот, граѓаните.
-Традиционално го посетуваме првиот нов жител на градот во годината и му подаруваме штедна книшка со паричен влог во висина од една просечна плата во последните три месеци во годината. Најсреќни се родителите, нивните семејства. Ја користам можноста да се заблагодарам на тимот од градската болница и на останатите институции кој неуморно работеа на новогодишната ноќ, рече Стошевска.
Бебето и мајката добија подароци и од менџментот на општата болница. Директорката на болницата, Снежана Захариева информираше дека годинава болницата бележи тренд на зголемување и на хоспитализации и преглед и во однос на здравствените услуги кои се пружаат. Во 2018-та се прегледале 200.000 пациенти, од кои 10.000 биле хоспитализирани.
Бројот на раѓања, минатата година е намален и изнесува 1.250, а предмината 1.380 што се должи и на иселувањето и одлуката на мајките да се пораѓаат во други здравствени установи.
-На овој оддел поскауваме повеќе работа, бидејќи тука се доаѓа за нова рожба. Болницата се стреми да ја врати довербата во јавното здравство и да пружи што поширок спектар на услуги на сограѓаните, да не мора да прават дополнителни трошоци надвор од градот. Ќе се трудиме преку едукација на нови кадри и преку набавка на нова опрема и проширување на капацитетите да понудиме подобра здравствена услуга, рече Захариева.
Во текот на новогодишната ноќ се роди уште едно бебе, а во текот на денот се очекуваат уште неколку бебиња.
Доктор Нисо Тасов, началник на одделението истакна дека породувањето поминало добро, со царски рез.
-Имаме работа, подготвени сме да дадеме секаква услуга за пациентките, вели Тасов. Тој повика надлежните да работат на зголемување на бројот на средномедицинскиот персонал и упати апел да се врати едукацијата за акушерките.
Освен подароци за новороденчето, претставник на локалната бизнис заедница, денеска обезбеди подароци за сите родилки на гинеколошко-акушерското одделение од кумановската болница.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда