Балкан
31. December 2023 - 8:49

Први снимки од земјотресот во Босна и Херцеговина: На некои места снема струја, се урна дел од фасада

Откако епицентарот на земјотресот беше регистриран во близина на Зеница, се појавија првите информации за материјална штета, објавија босанските медиуми.

Неколку минути по земјотресот дошло до прекин на струјата во Немила. Освен во Немила, струја снемало и во некои месни заедници во самата Зеница.

Исто така, поради одрон на главниот пат предизвикан од земјотресот, се случи сообраќајна несреќа во Јелина, поради што сообраќајот е целосно прекинат.

Покрај тоа, во центарот на Зеница поради земјотресот се урна фасадата на една од постарите згради.

Освен материјална штета, засега нема информации за повредени граѓани.