Свет
8. May 2024 - 18:47

Протест на вработени во институциите на ЕУ против израелските воени операции во Газа

Повеќе од 100 вработени во институциите на Европската унија се собраа денеска во Брисел на протест против војната што Израел ја води во Појасот Газа.

Демонстрантите поставија транспаренти, бели платна со црвени дамки, на плоштадот пред седиштето на Европската комисија во белгискиот главен град.

На транспарентите пишуваше „Меѓународно право, договори на ЕУ и конвенција за геноцид“, како порака на протест поради начинот на кој Израел одговори на нападот на Хамас на 7 октомври.