Пронајдена почината жена во кочанско, полицијата се сомнева дека ја убил синот
Истражните полициски служби од Одделението за внатрешни работи од Кочани работат на расчистување на случај со почината 74-годишна жена, а за што постојат сомневања дека е последица на семејно насилство.
Неподвижното тело на жената го нашла роднина која живее во близина на семејниот дом на починатата, по што ја известила полицијата.
- На 23. ноември, околу 09:30 часот било пријавено дека во својот дом во селото Бели, во кој живеела со 53 годишниот син М.Р., била пронајдена почината В.Р. Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош од Кочани забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, стои во известувањето од Полицијата.
Синот на почината бил лишен од слобода, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Сообраќајот на патиштатa се одвива непречено, по суви коловози
-
Претпладне сончево, попладне наместа облачно со краткотраен дожд
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога