Македонија
8. December 2023 - 17:38

Пронајден починат маж во куќа во гевгелиско

На 07.12.2023 во 09.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во куќа во село Селемли, гевгелиско, бил пронајден починат 43-годишен маж.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција, соопшти МВР.