Бизнис
22. December 2017 - 10:21

Прогласени најдобрите менаџери за 2017 година

Асоцијацијата на менаџери на Македонија ги додели наградите за најдобри менаџери во годината што изминува.

За најдобра менаџерка е прогласена Анита Спасовска од компанијата „Бучен Козјак“, а наградата за најдобар менаџер ја доби Игор Крпачовски од „АрцелорМиттал“.

- Неопходно е и понатаму да се бориме и коренито да ги менуваме работите во полза на заедницата. Да бидеме сила која што се фундира на врвна експертиза и професионализам. Да чекориме по пат на кој запирање нема да има. Затоа што ние ја гледаме Македонија како земја на професионални менаџери, но не само во реалниот сектор, туку и во јавните претпријатија и во сите државни институции, истакна претседателката на Асоцијацијата на менаџери на Македонија, Маја Ристова.

Менаџери на годината

 

Покрај, наградите за најдобри менаџери, на свеченоста беа доделени и благодарници и признанија.

Асоцијацијата на менаџери на Македонија е основана во декември 2015 година со цел деловно вмрежување, едуцирање, промовирање и застапување на интересите на членовите-менаџери.