Бизнис
4. July 2015 - 16:49

Проектот ,,Македонија вработува‘‘ претставен пред прилепчани

Голем интерес пројавија прилепчани за проектот “Македонија вработува”, кој денеска беше презентиран во центарот од градот. Според надлежните, благодарение на оваа активна мерка на Владата за намалување на невработеноста кај сите возрасни групи, досега во Прилеп се вработиле 200 лица, а 126 фирми аплицирале.
 
Од овие нови поволности на државата, задоволни се и работодавачите. Велат дека, освен што им се овозможува развој на бизнисот, во исто време, преку вработувањата тие им обезбедуваат егзистенција и на други лица.
 
Инаку, преку проектот „Македонија вработува“ се очекува да бидат опфатени 150.000 лица,  додека директно вработување да има за околу 20.000.Истиот запона да се реализира пред два месеца.