Проект за реставрација на стумичката стара чаршија
Старата струмичка чаршија повторно ќе биде како некогаш. На предлог од министерството за култура завод и музеј Струмица започна со изработка на проект за обнова на фасадите на објектите од староградската архитектура во чаршијата. Согласно планот проектот треба да биде готов до крајот на оваа, а веќе следната година ќе започне и неговата реализација, односно обновата на фасадите на првите два објекти кои се наоѓаат од западната страна на чаршијата.
,, Проектот го работи стручен тим на завод и музеј Струмица, во тек е на изработка и таму ќе бидат опфатени исто така двете фасади од двата објекта со замена на столарија, со вкопување на кабли, со отстранување на непотребни реклами, со вклопување на клима уредите, значи се за возобновување и за колоритно решение на фасадите. Се надевам дека нема да останеме само на овие два објекта. Став на министерството е да се продолжи со сите фасади од куќите на старата чаршија со што ќе се возобнови и ќе се врати поранешниот лик на чаршијата и ќе биде еден дел кој што ќе биде за почит.,, вели Славица Тасева – архитект во Завод и музеј Струмица
Струмичкиот завод и музеј проектот за обнова на фасадите во старата чаршија ќе го реализира во рамки на програмата за финансирање на проекти од национален интерес во културата и во согласност со акциониот план на владата за санација на фасади од староградска архитектура. Како дел од оваа програма веќе привршува обновата на фасадата на објектот во кој е сместен архивот на Струмица и дел од музејската поставка.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар