-->
-->
Пристигнаа 38.400 вакцини од „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот
-->
Вчера вечер пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Како што најави, вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години.
-Количините постојано се надополнуваат, потенцира Филипче, апелирајќи до граѓаните да се пријават за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk.
Утре, според, најавите треба да пристигнат уште 100.000 вакцини „Синофарм“, што државата ги доби како донација од кинеската Армија.
Според министерот за здравство, имунизацијата на населението се одвива прилично добро и досега се вакцинирани околу 150 илјади граѓани од кои 30 илјади се веќе ревакцинирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот