-->
-->
Прилепчанка се заканувала дека ќе запали угостителски објект
-->
Прилепчанка синоќа била лишена од слобода затоа што се заканувала дека ќе запали угостителски објект, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Околу 22 часот во ОВР Прилеп, прилепчанецот Т.К., на возраст од 61 година, пријавил дека околу 21.30 часот, во неговиот угостителски објект влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност, прскала по подот и се заканувала оти ќе го запали објектот, појаснуваат од МВР.
Во 22.10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода 32-годишната прилепчанка, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност" по член 288 од КЗ.
К.И. била приведена во полициска станица Прилеп. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце