Претседателот Иванов во Командата за обука и доктрини во Велес отвори Центар за симулации
Поддршка на обуката на командите и единиците на АРМ преку планирање организација, координација и менаџирање на спроведување на командно-штабни вежби до ниво на бригада предвидува новиот Центар за симулации во Командата за обука и доктрини (КОД), што денеска во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес го отвори претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој беше придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, и амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.
Центарот за симулации е инвестиција вредна 1,4 милиони долари, донација од САД, која, според амбасадорот Бејли, е потребна за подготвување на офицерите не само за редовни вежби, туку и да се овозможи реална обука за мисии.
Бејли информираше дека оваа недела ќе има многу состаноци на НАТО- средбите со министрите за надворешни работи што претставува и голема недела за европската безбедност.
- Ова претставува зајакнување не само на безбедноста на Македонија, туку и безбедноста на нејзините партнери и сојузници, вклучувајќи ги и САД, рече Бејли.
Појасни дека овие симулатори помагаат во справување со новите предизвици што, како што рече, веќе се присутни во регионот, во рамки на Европа и надвор од неа.
Според началникот на ГШ на АРМ Величковски, основна придобивка на Центарот е можноста за обука на командите и штабовите да се подигне на повисока ниво, како и дополнителната можност на Центарот за симулации да се поврзе во мрежата на сите центри кои се наоѓаат во регионот.
Во рамките на посетата на касарната, претседателот Иванов ги обиколи сместувачките капацитети за обука на КОД при што ги посети војниците кои се наоѓаат на доброволно служење на воениот рок.
Пред врховниот командант беше презентирана и стручна литература која е изработена како дел од активностите за одбележувањето на 25 години од формирањето на АРМ.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
77 санкции за пребрзо возење, 27 за непрописно престигнување на територија на СВР Тетово
-
Над 12 илјади граѓани заминале на продолжен викенд надвор од Македонија
-
За три месеци протерани 483 македонски граѓани од Германија
-
Вучиќ: Ме погоди гласањето на Северна Македонија за резолуцијата
-
Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“
-
Гервала: Не ја спроведуваме ЕУ верзијата на ЗСО доколку Белград не го спроведе Бриселскиот договор
-
САД ќе испратат во Украина оружје во вредност од 275 милиони долари