Премиера на претставата „Ни ќар ни зијан“ на Струмичкиот театар
Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица утре премиерно ќе ја изведе претставата „Ни ќар ни зијан“ од Братислав Димитров во режија на Синиша Евтимов.
Најавувајки ја новата претстава, уметничкиот директор Драги Маџиров денеска истакна дека ова е трета премиера во годинашната сезона на Струмичкиот театар, а втора во соработка со режисерот Евтимов.
- „Ни ќар ни зијан“ според текстот на Братислав Димитров праизведбата ја имаше пред точно дваесет години во Драмскиот театар во Скопје. Преставата апсолутно ги задоволува сите уметнички критериуми, така што публиката ќе ужива во играта на глумците од нашиот ансамбл. Сценографијата и изборот на музиката е на режисерот Евтимов, а за костимите се погрижи Ванчо Василев, рече Маџиров.
Режисерот Ефтимов е задоволен од соработката со актерите на Струмичкиот театар со кои во изминатите 45 дена поминале во, како што рече, максимално професионален ангажман.
- Претставата обработува теми кои се блиски секому и можат да допрат до секој бидејќи станува збор за настани и случки од нашите обични, мали животи и како ние се снаоѓаме во тој океан, наречен живот. Остваривме навистина убав театарски проект со кој Струмичкиот театар ќе може долго да се гордее, рече Евтимов.
Во претставата играат: Ванчо Крстевски, Ангелина Тренчева, Стојан Велков, Коста Ангов, Јулија Милкова, Кољо Черкезов, Анкица Бенинова, Оливера Аризанова.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари