Loading Video...
Свет
16. April 2024 - 16:49

Преглед на вести од светот

Израел не се откажува од одмазда кон Иран, Иран - не возвраќајте

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху им наредил на  одбранбени сили да разгледаат опции за цели во Иран како одговор на нападот извршен од Техеран минатиот викенд /Нетањаху притоА нагласил дека Контраударот треба да испрати порака до Иран но не и  да предизвика жртви.

-Внимателно ја проценуваме ситуацијата. Остануваме на нашето највисоко ниво на подготвеност. Иран ќе се соочи со последиците за своите постапки. Соодветно ќе го избереме нашиот одговор, изјави Херзи Халеви, началник на генерал  штабот на израелскатА армија.

 По изјавата на началникот на генерал  штабот на израелската армија, Иран со нова  порака до Тел Авив –не возвраќајте .Нашиот одговор ќе дојде  во рок од неколку секунди.

-Ако израелскиот режим направи грешка, овојпат одговорот на Иран, како што најавија иранските воени команданти, нема да биде минимален, туку итен и жесток. Ако некој сака да го поддржи ционистичкиот режим на кој било начин во оваа конфронтација, ние ќе ја таргетираме таа земја и нејзините интереси изјави Али Багери, заменик министер за надворшени работи на Иран.

Соединеите држави нема  да се вклучат во израелските одмазднички акции кон Иран, но очекуваат Тел Авив однапред да сподели иформации за акциите  со Вашингтон, особено ако тоа може  да има негативни последици за Американците во регионот соопшти Белата куќа. Со беспилотни летала и проектили Иран го нападна Изарел  како одмазда  за нападот на Тел Авив врз  иранскиот конзулат во Дамаск.

 

Грција денеска без информативна програма поради 24-часовен протест на новинарите

Новинарите во сите приватни и јавни медиуми во Грција  денеска не работат. Во пет часот утрово почна 24 часовен штрајк на медиумските работници во знак на протест поради зголемите трошоци за живот и ниските плати. Поради штрајкот  не се емитува информативна програма а на интернет сајтовите не се поставуваат нови вести.

 

Не стивнуваат поплавите во Русија, со поплави се справува и Арапскиот полуостров

Повеќе од една недела Рисија се бори со огромни поплави во неколку јужни региони долж границата со Казахстан, откако реките Урал и Тобол се излеа од коритата поради ненадејсното топење на снегот од планините. Најлоша е ситуацијата во регионите  Курган и Тјумен, каде што нивото на водата продолжува да расте. Во Тјумен  Под вода се најмалку 990 куќи и станбеи објекти.

„Сите сте свесни за опасноста. Соберете ги вредните работи и веднаш одете во безбедните области, или кај вашите роднини или во привремените засолништа. Ќе обезбедиме се што е потребно, изјави Александар Мур, гувернер на регионот Тјумен.

И Арапскиот Полусотров е погоден од поплави предизвикани од обилен дожд. Во надојдената вода во Оман загинаа најмалку 18 луѓе, а неколку се водат за исчезнати. Полплавите ги затворија улилиштата во главниот град на Обединетите Арапски Емирati  а дражвните службеници работат од дома. Поради силниот ветер нарушен е и авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром во Дубаи. Со поплави се борат и делови на Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.