Џет-Сет
19. April 2017 - 14:11

Познатиот спортист осуден за убиство пронајден мртов во келијата

Познатиот американски рагбист Арон Хернандез утрово се обеси во затворската келија во затвор во Масачусетс.

Хернандез се самоубил два дена по пресудата за двојно убиство. Претходно служеше казна доживотен затвор откако беше прогласен за виновен за едно одделно убиство.

Тој имаше 27 години.

Затворските власти соопштија дека рагбистот се обесил со чаршав кој го врзал за прозорецот. Исто така вратата од келијата ја блокирал со креветот и другите предмети што ги имал внатре.