-->
-->
Пожари во околината на Прилеп
-->
Неколку пожари избувнаа попладнево во околината на Прилеп.
Како што информира Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица, активни се пожарите кај селата Стровија, Оревоец, Тополчани, а гори и на Селечка планина.
- Веќе неколку часа горат површини со сува трева и нискостеблеста дабова шума. Неодамна испративме и екипа за пожарот на Селечка Планина. Се уште не знаеме колкави површини се зафатени со пожарите ниту кои се причините за огнените стифии. Само пожарот кај селото Штавица е изгаснат, вели Колески.
Според Борис Јованоски од ЈП „Македонски Шуми „Црн Бор“ огнот што гори од повеќежаришта на селечка планина се префрлил од околината на селото Кокре, Мариово. - Се обидуваме да ги ставиме под контрола жариштата, но тоа се планински терени. Упатуваме апел до сточарите да не ги палат стрништата, вели Јованоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови