-->
-->
Поведена постапка против 38 непочитувачи на полицискиот час во Скопје
-->
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд во Скопје денеска поднесе 24 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 38 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетите се товарат дека не постапиле согласно одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.
Обвинителството за сите обвинети предложило парични казни по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори