Потрошила над 20 илјади евра само за да не изгледа како нејзината мајка
Триесет годишната Стар од Бирмингем потрошила илјадници евра на пластични операции, а причината поради која го сторила тоа е дека не сака да личи на нејзината мајка, која ја исфрлила од домот.
Стар не планира да претстане со операциите се додека целосно не ја избрише секоја сличност со својата мајка, иако ја предупредија дека тоа може да биде опасно. Откако го оперирала носот, има потешкотии со дишењето, пишува „Дејли мејл“.
- Кога трчам не можам да дишам. Претходно имав широки ноздрви, но ќе се навикнам, рече Стар во емисијата „Боди фриск“.
Таа досега била на 15 операции, а претходно се викала Стејси, но името го сменила, откако мајка и на 17 години ја избркала од дома. Тогаш сместување пронашла во хостел.
- Не сакам повеќе да изгледам како неа. Мојот татко сигурно смета дека изгледам како неа. Моето старо лице го претставува моето минато, мојата несреќа и целата негативност. Мајка ми и јас немаме никаква врска, тоа е причината поради која го променив својот изглед. Толку ја мразам што не сакам да изледам како неа. Сега никој повеќе не мисли дека личам на мојата мајка, изјави таа и додаде дека некогаш ниту таа самата не се препознава во огледало.
Сепак нејзиното момче Сем сака таа да престане со операциите.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава