Македонија
10. July 2015 - 16:35

Потпретседателот на СДСМ најавува повлекување од политиката по анкетата на ИРИ

Дали мојот политички ангажман има било каква смисла. Вакво прашање си поставуваат функционерите од највисокото раководство на СДСМ по анкетата на американскиот републикански институт со седиште во Вашингтон.

Потпретседателот на најголемата опозициска партија во колумна за Утрински весник најавува дека откако стана јасно дека и по повеќе од 30 бомби ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголем рејтинг од СДСМ, размислува да и стави крај на политичката кариера.

-Од друга страна, ги имаме и резултатите од анкетата на ИРИ. Во отсуство на други такви анализи, ги прифаќам и добро ќе размислам за тоа дали има било каква смисла мојот натамошен ангажман во политика, напиша Ванчо Узунов во својата колумна.

Ставот на Узунов доаѓа на само два дена од изјава на опозицискиот лидер Заев кој од партиската говорница анкетата на угледниот американски институт ја оцени како нерелевантна

Спротивставените изјави на претседателот и потпретседателот на СДСМ според познавачите на состојбите на Бихаќка се само слика за атмосферата која владее во најголемата опозициска партија во последниот период, особено по анкетата на ИРИ.

Силното незадоволство кое со месеци тлее во партијата почна да излегува во јавност и тоа преку изјави на највисоките партиски функционери кои јавно порачуваат дека не се согласуваат со деструктивните политики на Заев и Шеќеринска и дека токму таа нивна стратегија ја држи опозицијата далеку зад владејчката партија.