Поставен семафор на критичната точка кај ОУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров
Поставен е семафор на улицата „Борис Сарафов” кај Основното училиште „Мирче Ацев” кое важеше за критична точка во сообраќањето низ општина Ѓорче Петров.
Од општината соопштуваат дека очекуваат во секој момент ЕВН да постапи во однос на пуштање електрична енергија, со што семафорот веднаш би бил пуштен во употреба.
Во меѓувреме, наведува во соопштение општината, се поставуваат и останати сообраќајни знаци за регулација на брзината, а се означуваат и пешачки премини долж целата улица.
Паралелно со семафорот, поставена е и ограда кај училиштето, заради подобра безбедност, пред се на децата.
- Наскоро очекуваме и уредување на зеленилото околу семафорот, заради негова подобра видливост. Од МВР, пак, имаме информација дека зачестена е сообраќајната контрола во тој дел на Ѓорче Петров, со што очекуваме целосно решавање на доскорешните проблеми во сообраќајот долж улицата „Борис Сарафов”, се вели во соопштението
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Уставен остана без претседател
-
Гласачкото ливче со двајца, а желба за член на Судски совет има еден кандидат
-
Замениците ги преземаа министерствата
-
Прва координација кај Гаши - партиите без договор за формирање на собраниските тела
-
Филипче ќе се кандидира за претседател на СДСМ, во трката се Петровска и Деспотовски
-
Две третини од граѓаните на лето се ладат во автобуси и трговски центри оти немаат пари да го изладат домот
-
Нема операции, пациенти си одат дома без интервенции
-
Одложено судењето за Мерко