Поранешен американски генерал: Руските сили во Украина би можеле да бидат поразени до крајот на годината
Пензионираниот американски генерал-полковник Бен Хоџис проценува дека руската инвазија врз Украина би можела да заврши наредната година доколку Западот продолжи воено да го поддржува Киев. „Русите се исцрпени, нема многу работи што сега можат да ги направат како што треба“, вели тој.
Хоџис тврди дека украинските сили имаат морална предност пред Русите. Според него, Русите немаат значајна предност во огнена моќ. Опремувањето на украинските сили со оружје со голем дострел им овозможува да ја гаѓаат руската артилерија, складиштата со муниција и командните места, со што се анулира единствената предност што ја имаат Русите на боиштето.
„Доколку Запад продолжи со поддршката на Украина оваа година, сметам дека до 2023 војната ќе биде завршена“, заклучува тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје