-->
-->
Поради компликации со Ковид-19 почина Тале Герамитчиоски
-->
Поранешниот заменик министер за образование и пратеник на СДСМ Тале Герамитчиоски вчеравечер починал поради компликации од Ковид-19.
Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната Влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник, на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.
Сопартијци од СДСМ преку социјалните мрежи се збогуваат со Герамитчиоски.
„Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него“, напиша на фејсбук заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници
-
Хоспитализирани четири деца со голема кашлица - на „Школка“ одбележана европска недела на имунизација