Македонија
30. November 2017 - 16:23

Поглаварите на СПЦ и БПМ утре во Москва кај поглаварот на РПЦ Кирил

Рускиот Патријарх Кирил утре се среќава во Москва со Бугарскиот Патријарх Неофит и со Српскиот Патријарх Иринеј. Иако нивното патување во Русија е во рамки на учествот на Серускиот правсолавен собор, сепак неизбежно е дека најновите релации меѓу МПЦ и БПЦ ќе бидат една од темите на кои ќе разговараат двајцата патријарси со поглаварот на Руската Православна црква.

Со Бугарскиот Патријарх ќе патуваат и дел владици кои се во составот на комисијата што БПЦ ја оформи, а која ќе треба да разговара со останатите помесни православни цркви за статусот на МПЦ.

Средбата во Москва ќе биде и првиот контакт и тоа од една страна со дирекно засегната СПЦ, која според пишувањата на белградските медиуми била изненадена од потегот на бугарските владици, а од друга страна тоа ќе биде и момент да се слушне и ставот на најмоќниот православен црковен центар Москва, под чије влијание е токму Бугарската црква.

Но од Москва пристигнуваат и други информации кои ќе предизвикаат голем интерес во православниот свет.

Руските медиуми денеска објавија дека Руската црква официјално ја признала украинската Црква за независна, што значи дека таа добива широк простор за автономија.

Во уставот на Руската црква Украинската црква ќе биде посебно издвоена и наведено дека таа се управува од Киев, а не од Москва, а воедно и цковносидската власт ќе и припадне само на Украинскат црква.

Оваа вест која се очекува и официјално да ја потврди Рускиот Патријарх, најверојатно ќе предизвика нови бранувања на релација Москва Константинопол, со оглед на тоа што Вселенската Патријаршија себе си се смета како Мајка Црква на Украина.