-->
-->
Почнува „Смоквијада“ во Гевгелија
-->
Гевгелија, 29 август 2015 (МИА) - Во Гевгелија денеска ќе се одржи традиционалниот фестивал на смоквата на кој најдобрите приготвувачи на слатко ќе се натпреваруваат во производство на слатко од зрели смокви.
Покрај натпреварувачите од Гевгелија, годинава на манифестацијата ќе учествуваат и гости од Грција, Романија и Бугарија, соопштија организаторите кои информираа дека покрај натпреварот во приготвување слатко од смокви, ќе биде организирана и богата културно-уметничка програма.
Смоквијадата ќе почне со фолклорно дефиле и гевгелиската химна која ќе ја изведат „Распеани гевгеличани“, а покрај нив ќе настапат и пеачките групи од Сандански и Банско од Бугарија, Влашко културно уметничко друштво од Грција, КУД „Бојмија“ од Гевгелија и Мишко Крстевски.
Смоквијадата се одржува во организација на граѓанското здружение „Тера“, под покровителство на општина Гевгелија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови