Почна расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Протоколот за членство во НАТО
Со задоцнување од 40 минути, започна расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за нацрт законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.
Збор ќе земат известувачите за нацрт договорот, министри од владата, пратеници, а ќе заврши со гласање на сите пратеници.
За да се изгласа Протоколот за наше членство во НАТО, потребен е минимум 151 глас, а очекувањата во Грција се дека пратениците кои ја поддржаа ратификацијата на самиот договор, денес ќе го поддржат и Протоколот.
Следните чекори по ратификацијата на Протоколот во грчкиот Парламент ги објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, на брифингот со странските дописници во Атина, одговарајќи на прашањето кога новинарите во нивните текстови и официјално ќе треба да почнат да го користат новото име Северна Македонија.
-По гласањето на Протоколот, праќаме Вербална нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, а тие веднаш, можеби истиот ден, може следниот ги известуваат ОН и сите земји што ги имаат признато со претходното уставното име, дека новото уставно име е Северна Македонија. Во прашање се денови, рече Катругалос.
Ново на Сител
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав