Живот
12. April 2024 - 12:42

По веста дека итно е префрлен во болница, Дино Мерлин пуштен дома

Вчера на Дино Мерлин му се слошило во неговата продавница во Башчаршија, а итната помош дошла и го однела во болница, јавуваат хрватските медиуми.

Итната помош дошла во неговата продавница и набргу потоа излегол со нив и веднаш бил пренесен во болница

-Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓа во неговата продавница – рекла жена која била очевидец.

По веста дека Дино Мерлин итно е префрлен во болница, се огласија од неговиот тим дека тој е добро и дека тој е пуштен дома.

Дино е добро, се чувствува добро. Му се слоши, но сега е одлично. Тој е дома во Сараево, изјавија за Аваз од тимот на Дино Мерлин. Неговите пријатели се шегуваат дека можеби му се слошило од премногу баклава.