Балкан
10. December 2021 - 19:25

По самоубиството на 21-годишната Кика, приведен е српскиот јутубер Бака Прасе

Приведен е Богдан Илиќ, познатиот јутјубер под  името Бака Прасе, по налог на српското Обвинителство.

Приведувањето доаѓа по смртта на инфлуенсерката Кристина Ѓукуќ, позната како „Кика“. Бака Прасе ќе треба да даде изјава за познати околности околу нејзината смрт.

Специјалното обвинителство упати барање за прибирање на потребните информации до српското МВР за други околности кои се важни за утврдување на целосната фактичка состојба во врска со наведениот трагичен настан.

Младата девојка која се самоуби долго било мета на сајбер булинг, откако јутрјуберот пред две години објави серија видеа во кои ја навредуваше. Тој по нејзината смрт објави дека жали за настанот и оти поради почит кон починатата инфлуенсерка ќе ги отстрани видеата од неговиот канал.