По нападите на Иран врз Иразел МНР формира Кризен штаб за извлекување македонски граѓани
По синоќешните напади на Иран врз Израел министерот за надворешни работи Бујар Османи донел одлука за формирање Кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од поширокиот Блиски исток доколку за тоа има потреба. Покрај Амбасадата во Тел Авив на граѓаните на располагање им стојат и амбасадите во Каиро, Абу Даби и Катар.
-Ги повикувам сите државјани да бидат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378 како и СОС дежурните телефони на МНР 075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална евакуација. Извлекувањето ќе зависи од динамиката на состојбите во наредните часови и денови како и од отворениот аеродором во Тел Авив кој утрово повторно е ставен во функција, но, работи со ограничен капацитет. Алтернативна рута е копнен пат преку Јордан, рече на денешната прес-конференција Османи.
Според податоците со кои располагаат во МНР, во Израел има најмногу 40 до 50 македонски државјани меѓу кои и семејствата на нашиот дипломатски персонал во Тел Авив. Османи потсети дека најголем број државјани со организиран лет беа извлечени во октомври лани, а дел останале согласно својата одлука, претежно лица кои таму имале семејства. МНР нема точна бројка колку македонски државјани има во поширокиот регион.
Министерот за надворешни работи бара од претседателот на државата да го свика Советот за безбедност во поширок состав со учество и на опозициските политички бидејќи, како што рече, една помасовна ескалација на Блискиот исток и покрај сите безбедносни реперкусии кои може да ги има може да предизвика и бран бегалци.
-Тие се разбира ќе ја користат балканската рута, а тоа значи и Северна Македонија со сите можни последици и оттука мора да ја зголемиме отпорноста на државата при такви предизвици, рече Османи.
Тој нагласи дека МНР го осудува овој напад како што ги осудил и претходните, и како што ќе ги осуди и евентуалните следни одмазднички напади кои се најавуваат.
-Насилството раѓа насилство, а овој повторувачки круг на одмазда неповратно ја ескалира состојбата во регионот, која многу лесно може да се прошири, повикуваме на итно стопирање на сите насилства, затоа што ако сега не се прекине со насилството од одмазда, состојбата наскоро ќе ја помине точката од која враќање назад - нема. Ова заедно со актуелната агресија на Русија во Украина уште една сериозна регионална војна криза на Блискиот исток може да има драматични импликации по меѓунарониот мир и стабилност, истакна шефот на дипломатијата.
Според него, овие случувања многу брзо може да ја поминат точката на неповрат. Ако на ова, вели се додаде и состојбата во Украина светот никогаш не бил поблиску до трета светска војна.
-Не сакам да ги исплашам граѓаните, но кога во реториката на политичарите нуклеарното оружје станува нешто нормално, тогаш тоа навистина бара внимателност. Оттука барам вниматилност од граѓаните и од политичките лидери, рече Османи.
Тој потсети дека институцијата со која раководи пред два дена со соопштение предупредила на ваквиот развој на настаните, но, како што рече, за жал одредени политички структури веројатно под влијание на кампањата се обиделе да ги потценат таквите најави и со тоа директно влијаеле на одлуката на граѓаните да одговорат на повикот на Министерството да се вратат од Блискиот исток што побрзо.
-Оттука уште еден повик дека лажни вести и хибридните закани ја минираат довербата во институциите што доведува до ризикување на човечки животи. Затоа ги повикувам сите политички партии, учесниците во изборната кампања да прекинат со црна кампања на дискредитирање на институциите и носителите на јавни функции бидејќи дирекно влегуваат во служба на тие што преку хибридни закани се обидуваат да ја мининраат довербата на граѓаните во институциите, истакна Османи.
Информациите, додаде ги добиле од сојузниците, со кои како што рече ги усогласуваат и позициите и ставовите по овие прашања.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка