По 78 години „кралска“ свадба во Албанија
По 78 години од венчавката на албанскиот крал Ахмет Зогу и унгарската принцеза Гералдина, во Тирана одржана е голема „кралска“ свадба.
На лудиот камен стапна нивниот внук, Лека Зогу Втори, кој на вечна љубов и се заколнa на албанската актерка и пеачка Елиа Захариа, со која во врска се од 2008 година.
Свадбената церемонија се одржа во „Палатата на бригадите“, поранешна „Кралска палата“, со присуство на над 300 гости.
На свадбата, покрај претставници од политичкиот и општествениот живот на Албанија, присуствуваа и претставници на повеќе кралски семејства од светот, меѓу кои и принцезата Леа од Белгија, принцот Али од Египет, принцот Филип и принцезата Елизабет од Линхенштајн, српскиот принц Александар и принцезата Катерина, кралицата Софи на Шпанија, како и претставници на кралски семејства на други држави.
Младите, граѓанскиот брак го склучија пред градоначалникот на Тирана Ерион Велиај, а ги благолсовија првите луѓе на петте верски заедници, како потврда на верската хармонија во Албанија.
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност