Плевнелиев: Европа треба да остане обединет демократски простор
Во актуелните кризни услови, европските земји треба да ги надминат меѓусебните разлики и да ја зачуваат Европа како обединет демократски простор, во кој ќе се почитуваат принципите за владеење на правото и за заштита на човековите права, изјави денеска бугарскиот претседател Росен Плевнелиев на средбата во Софија со претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Ен Брасер.
Кабиентот на Плевнелиев соопшти дека двајцата соговрници се согласиле дека на глобалните предизвици, како што се тероризмот и миграцијата, треба да се даде глобален одговор, што ќе биде можно само со заеднички напори на меѓунардоната заедница.
Како што јави БТА, Плевнелиев и Брасер повикале на заеднички активности против причините што довеле до појава на тероризмот, а не само против последиците.
Според нив, социјалната исклучивост, нееднаквоста и непочитувањето на основните човекови права се главни причини за појавата на омраза и поделби во светот.
Плевнелиев нагласил дека Бугарија ќе проодлжи да ги исполнува своите меѓународни обврски кон бегалците и барателите на азил, додавајќи дека проблемот со мигрантската криза во Европа треба да се решава во рамките на ЕУ, за што е потребно да се најдат заеднички мерки и сите членки на Унијата да ја споделат одговорноста.
Ново на Сител
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании
-
Променливо и нестабилно време и во наредните денови
-
До 11 часот на гласање излегле 16,46 отсто од гласачите во седумте избирачки места каде се прегласува