Свет
31. December 2017 - 12:10

Платил „Бе-Ем-Ве“ со монети, вработените ги пребројувале со часови

Еден кинески бизнисмен прилично ги измачил вработените во продажен салон на „Бе-Ем-Ве“, со оглед на тоа што првата рата од неговиот нов автомобил, во износ ос 9.000 евра, ја платил со монети.
 
Купувачот на „Бе-Ем-Ве“, што чини 400.000 јуани (околу 51.000 евра), ја исплатил првата рата од автомобилот во износ од 70.000 јуани (околу 9.000 евра), во монети од по 0,5 јуани. 
 
По пребројувањето на монетите, се воспоставило дека купувачот дал повеќе пари отколку што било потребно, па останатиот износ му бил вратен. 
 
Не е познато зошто купувачот се одлучил на таков чекор.