Петиција против Законот за јазиците
Околу 10.000 граѓани до 23.00 часот ја потпишале петицијата против Законот за употребата на јазиците, која почна да се споделува на социјалните мрежи по изгласувањето на законот.
„Денес имаме флагрантно кршење на Уставот. Денес СДСМ и Заев ја поништија волјата на граѓаните. Од оваа одлука никој нема да живее подобро. Само затоа што две партии се договориле, изгласаа неуставен и штетен закон. Ваквиот чекор е удар врз соживотот, некој свесно нè турка во сценарио во кое влогот е Македонија.
Помогнете Уставниот суд да знае дека мнозинството Македонци и Албанци се против овој закон. Споделете и пратете по пријатели за да нè има во што поголем број кога оваа петиција ќе биде испратена до Уставниот суд“, се наведува во петицијата иницирана од „Соживот во Македонија“.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор