Loading Video...
Македонија
1. September 2023 - 16:45

Пендаровски верува во членство во ЕУ пред 2030та ако нема опструкции од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот Пендаровски смета дека е реално Македонија да стане членка на ЕУ во 2030, па дури и порано, доколку опозицијата го одблокира процесот. Шефот на државата посочува дека потврда за тоа се изјавите кои доаѓаат од блиските соработници на Макрон и од врвот на Европската Унија.

„Без внатрешни опструкции какви што гледаме за жал од македонската опозиција, можно е и пред тој рок и за тоа потврда и е госпоѓата министерка за Европа на Франција која рече дека може некои од државите на Западен Балкан да влезат пред 2030 година“, кажа Пендаровски.

Пендаровски не гледа ништо спорно во изјавите на Макрон за Европа со повеке брзини. Смета дека тие погрешно се интерпретираат во јавноста заради довбивање политички поени. Тоа е, вели Престедателот, стара идеја на францускиот претседател која не го исклучува проширувањето, туку напротив го става на исто рамниште со продлабочувањето на Унијата, вели Пендаровски. Тој е дециден дека Макрон и неговите колеги од ЕУ веруваат во проширувањето со земјите од Западен Балкан.

-Ниту еден од европските официјални лица не рекол дека Западен Балкан нема да влезе, ниту една од шесте држави додека ние внатрешно не се доуредиме.

Пендаровски  и со порака дека сега најважна е промената на Уставот  за да се оди понатаму до крајната цел.  Тој ја укори  опозицијата треба да размислува стратешки,  а не теснопартиски, бидејки со противењето за уставните промени всушност се противи на челнството во ЕУ.

-Имаме седум народи во Уставот, проблем ли е да ставиме уште шест. Како тоа ќе ја загрози Македонија. Ако имаш политички причини, чекајќи ги следните избори за да дојдеш на власт, а потоа да му ја мислиш за Европа и две-третини Устав, тоа е друга работа.

Француаскиот престедател Макрон во неодамнешниот говор пред амбасадорите во Париз ја реактивираше  идејата дека  без внатрешни реформи Унијата не може да се проширува, што предизвика збунетост кај земјите од Западен Балкан, на кои претходно на конференцијата на Блед, престедателот на Европскиот Совет Шарл Мишел им порача дека до 2030  Унијата ќе има нови членки.