Париз: Автомобил удри во полициско комбе и експлодира, возачот го загуби животот
Возачот кој попладнево удри намерно во полициско комбе во центарот на Париз го загуби животот, изјави Жерар Коломб, француски министер за внатрешни работи.
– Во автомобилот се пронајдени оружје и експлозиви што можеле да се употребат за да експлодира возилото, изјави Коломб.
- Инцидентот покажува уште еднаш дека нивото на закана во Франција е екстремно високо, додаде министерот.
Во инцидентот на париската авенија Шанзелизе, нема повредени полицајци.
- Случајот наликува дека бил испланиран напад на поединец, изјави Пјер Анри Брандет, портпарол на француското Министерство за внатрешни работи.
Париското Обвинителство покрена истрага.
Полицијата ги блокира приодите до Елисејската палата и апелира до жителите на Париз да не се движат по авенијата Шанзелизе.
Инцидентот се случи во близина на Елисејската палата каде претседателот Емануел Макрон треба да има средба со јорданскиот крал Абдула.
Инцидентот се случува по само два месеца откако полицаец беше убиен на таа централна париска авенција, три дена пред првиот круг од претседателските избори во државата. Во поката оставена до телото на полицаецот се величеше ИД. Француската полиција го уби напаѓачот.
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари