„Пајакот“ кренал 61 возило вчера во Скопје
Пет сообраќајни несреќи се случиле во изминатото деноноќие во Скопје. Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле три лица, а во две е причинета материјална штета.
Со помош на специјалното возило „пајак“, во текот на вчерашниот ден се отстранети 61 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и моторниот сообраќај.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 12 возачи за пречекорување на брзината на возење, седум поминале на црвено светло на семафор, четири биле со нерегистрирани возила, а девет без возачка дозвола. Изречени се занкции и за 44 непрописно паркирани возила, како и пет возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на вчерашниот ден се отстранети 61 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР - Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Срничка“, објект „Чекорче“ во општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Приведен 29-годишник кој избегал од кумановскиот затвор
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи