Пад на акциите на германските автопроизводители по заканите од Трамп
Акциите на германските автопроизводители Бе-Ем-Ве, „Дајмлер“ и „Фолксаваген“ денеска доживеаа пад на берзите, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе царина во висина од 35 отсто за возила од странство што ќе се продаваат во САД.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, акциите на Бе-Ем-Ве на Берзата во Франкфурт паднаа за 0,85 отсто, на „Дајмлер“ за 1,54 проценти, а на „Фолсваген“ за 1,07 отсто,
Сите три производители во последниве години отворија нови фабрики во Мексико, каде што цената на производство е помала, а возилата ги продаваат во САД. Компаниите „Дајмлер“ и Бе-Ем-Ве имаат свои фабрики и во САД, каде што произведуваат моноволуменски, спортски и луксузни возила.
Во интревју за весникот „Билд“, Трамп предупреди дека дека доколку германските компании не отворат фабрики во САД, ќе се соочат со високи давачки при увозот на нивните производи, со цел да се заштитат американските стоки.
Според Трамп, во трговијата на автомобили меѓу двете земји, нема реципроцитет затоа што „Мерцедес“ може често да се види во Њујорк, но во Германија „Шевролет“ не се продава на исто ниво.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати