Македонија
6. April 2024 - 17:20

Пациентските организации заеднички ќе делуваат за да бидат слушнати од властите

Без да се слушнат потребите и гласот на пациентите властите да не носат ниту една одлука. Оваа порака ја испратија десет пациентски организации кои се здружија во Национална алијанса за да може надлежните побргу да ги решаваат нивните проблеми. Еден од приоритетите е што поскоро да има современи лекови за повеќе болести на долгонајавуваното обновување на позитивната листа кое беше ветување на сите последни 6 министри за здравство.

-Во најскоро време, како пациентска асоцијација на национални организации што е можно побрзо да се делува во одредени сегменти. Она што сакаме да го направиме во иднина е што повеќе да се делува во делот на носење одлуки за акциони планови краткорочни каде што ќе се определиме за големи реформи кои што ќе можат да допринесат во здравството за побрз развој и подобар пристап и нега и грижа за сите видови на групи на пациенти, изјави Милан Мишковиќ, претседател на Националната алијанса на пациентски организации НАПО.

Од министерството за здравство веќе подого време даваат ист одговор дека стручната комисија веќе доставила предлог за нови лекови до Фондот и се чекала конечна одлука од Управниот одбор, иако Фатмир Меџити пред да биде разрешен пред два месеци најави дека  за неколку дена ќе ја промовираат новата позитивна листа.

-Станува збор за девет генерички лекови што се во употреба и присутни во прометот подолг временски период, а се наменети во третманот на хипертензија, срцева слабост, превенција на атеротромбоза, Алцхајмерова болест, депресија и анксиозни растројства. Предлогот содржи и нутриенс, наменет за туморска кахексија, кој веќе се наоѓа на болничката листа на лекови, за кој е побарано од компанијата негово префрлање на примарната листа, велат од здравство.

Во меѓувреме од новоформираната НАПО најавивија дека ќе бараат од Властите да разговараат со фармацевтски компании зошто не ги носат најсовремените лекови за многу болести во Македонија и да се слушнат потребиде и на лекарите.

-Значи за да имаме ние добар и квалитетен живот на пациенти мораме да имаме задоволна медицинска фела која ќе работи во заеднички чекор со нас и која ќе ги презентира нивните проблеми заедно со нас за да видиме како можеме поуспешно тоа да го решаваме. Поуспешно да се справиме со предизвиците кои што и тие ѓи имаат како луѓе кои го носат товарот на пациентот на свој грб, рече Мишковиќ од НАПО.

На ден пред одбележување на денот на здравјето од новоформираната НАПО ги повикаа сите здруженија да им се приклучат за доброто на пациентите и подобар здравствен систем.