Македонија
5. October 2017 - 13:42

Опожарено возило во Капиштец

 

 Непознати лица ноќеска пометнале пожар на моторно возило „БМВ“ сопственост на А.Ј. (30) од Скопје кое е опожарено во предниот дел.

МВР информира дека ноќеска во 02,23 часот Д.Ј. пријавил дека на ул.„Адам Мицкиевиќ“, во Скопје, од страна на неколку непознати лица кои биле со качулки на главите, со претходно запалено шише, опожарено е во предниот дел патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син А.Ј.(30), кој самиот успеал да го изгаси огнот, а лицата го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.