Македонија
21. April 2024 - 16:30

Охридското и Преспанското Езеро забрзано се загреваат што може да биде погубно за живиот свет

Зголемената температура во Охридското Езеро може да има погубно дејство, но покритично е со Преспанското

Зголемената температура на водата во Охридското езеро на долг рок може да има погубно дејство врз живиот свет ,флората и фауната но и врз копнените еко системи.Истражувањата последните години покажуваат дека дека има релативно зголемување на средно годишната температура на водата во езерото за 0,2 степени која зад себе ќе остави негативни последици но  далеку полоша  е состојбата со Преспанското езеро поради повлекувањето на водата.

Климатските промени кои се резултат на несовесното однесување на човекот нанесуваат огромни штети на двете езера но најзагрозено е Преспанското.

Инаку покрај на промени на климата, езерата се   изложени на испуштање на  отпадни води, загадување , неодржливо рибарство и загуба на живалишта.