Македонија
1. August 2015 - 16:37

Охрид полн „до врв“

Холанѓани, Белгијци, Пољаци, Кинези, Јапонци и Турци се само дел од многубројните туристи кои за продолжениот викенд одмараат на брегот на Охридското езеро.

Хотелските капацитети и приватните станоизадавачи се исполнети, во кафетериите, угостителските објекти и ноќните клубови се бара место повеќе, а иста е сликата и на плажите.

Традиционално за илинденските празници градот е преполн со гости и  се бара место повеќе .

Број на повици и интервенции до медицинските лица е зголемен како резултат на огроманта псоетеност во градот и секако топлото време.

Најавените концерти, фестивали и журки на плажи па се до настапи на познати звезди од Балканот овој викенд привлекоа огромен број туристи на охридската ривиера.