Македонија
19. February 2016 - 19:48

Ограничени посети на болните во поголем број од здравствените установи

Грипот почна да ги празни училиштата. Од неколку образовни установи  во државата пријавиле зголемен број на отсутни ученици.  По двата смртни случаи и зголемениот број на грипозни, директори на болници  ги ограничија посетите на болните.  Во Козле кај хоспитализираните  дечиња може да влегува само по еден посетител. И менаџментот на детската клиника најави дека ќе ја спроведе истата мерка.  Од октомври досега во Институот за јавно здравје регистрирале над 12 000 заболени од грип од кои најголем број се во последните недели.  Скопје како најголем град има и најмногу болни.  Во центарот за јавно здравје потврдуваат дека има зголемена побарувачка на лекот тамифлу, кој пациентите го добиваат бесплатно со розев рецепт.

- Овој лек го даваме на болни со тешка клиничка слика, на на пациентите кои се во ризичните групи, вели др. Сања Маринковиќ од Инфективна клиника

Од Здравствен дом Скопје велат дека има зголемен број јавувања на Ало дкторе каде граѓаните бараат совет за зголемена температура и болки во мускулите. Гужви има и во ноќните дежурни служби за време на викенд.