Одбележани 10 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
Со полагање цвеќе на спомен - обележјето кај катлановско Блаце, денеска ќе се одбележат десет години од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ.
Цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана (МО), Генералштабот (ГШ) на АРМ, Кабинетот на претседателот на Република Македонија, здружената оперативна команда, вбр, 1. механизирана пешадиска бригада и членови на семејствата на загинатите припадници.
Делегацијата на МО ќе биде предводена од министерката Радмила Шекеринска, додека делегацијата на ГШ од заменикот на НГШ на АРМ, генерал мајор Мухамет Рацај.
Делегација на МО и АРМ предводена од заменик-министерот Беким Максути ќе положи цвеќе и пред спомен обележјето на загинатите припадници на АРМ во касарната „Бутмир“ во командата на мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
Претходно, делегации од МО и АРМ ќе положат цвеќе и на спомен обележјето пред командата на вбр во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Весилево - с.Градошорци поради сообраќајка
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета
-
Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
-
Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство
-
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце
-
Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања
-
Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива
-
Скопјанец ограбен во Градски парк