Нова шанса за "Фениксите" за европски Супер-финале
Нова шанса за младите кошаркари на Феникс 2010 од Скопје да обезбедат пласман во Супер-финалето во Европската младинска лига.
Кошаркарскиот клуб Феникс 2010 со својата селекцијата на играчи родени 2003- година (У-15), повторно ќе се настапат во разигрувањето, односно плејофот, на Европската младинска лига (European Youth Basketball League - ЕИБЛ).
Откако регуларниот дел (првите два турнири) го завршија со седум победи и само еден пораз на младите играчи на Феникс 2010 се изборија за ново (второ) учество во плејоф групата на Централната зона на ЕИБЛ.
Минатата година ги денеа само неколку поени од влез во Супер-финалето, па годинава ќе имаат нова можност да стигнат меѓу осумте најдобри на стариот континент.
Противници на оваа генерација на Феникс 2010 која е актуелен шампион на Македонија веќе три години во низа, ќе бидат шампионите на Србија, Младост Белград, Словенија, Гросупље и на Романија Клуж Напока како и домаќинот натурнирот и првак на Чешка Пелхримов, тим од кој го претрпеа и единствениот
пораз сезонава.
Првопласираните две екипи ќе се пласираат во Супер-финалето во кое ќе играа најдобрите екипи од Првата дивизија во која настапуваат се екипи од Русија,
Литванија, Летонија, Италија, Германија, итн, итн...
Плејоф турнирот во чешкиот град Пелхримов ќе се одржи од 23 до 25 март.
Распоред на натпревари
23 март (10:00 часот) Феникс (Македонија) – КК Гросупље (Словенија)
23 март (18:00 часот) Феникс (Македонија) – БК Сојки Пелхримов (Чешка)
24 март (15:00 часот) Феникс (Македонија) – Клуж Напока (Романија)
25 март (11:00 часот) Феникс (Македонија) – Младост Земун, Белград (Србија).
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп