Нов потрес на берзата: Акциите на Волстрит и во Европа денеска во пад
Акциите на Волстрит и во Европа денеска се во пад, а еврото зајакна.
Германскиот индекс ДАКС во поладневните часови падна за 0,4 отсто, францускиот КАК 40 за 0,3 отсто, додека британскиот ФТСЕ забележа незначителни промени.
На Волстрит, акциите почнаа со тргување во минус поради падот на акциите на компаниите од секторот за здравствена заштита.
Поширокиот индекс Ѕ&Р падна за 10 поени или 0,4 отсто на 2.645 поени, индустрискиот Дау Џонс за 114 поени или 0,5 отсто на 24.486 poena, а технолошкиот Насдак за 18 пени или 0,3 отсто на 6.963 поени.
Акциите на енергетските компании исто така паднаа, зошто американската „лесна“ нафта (WTI) поевтини за 66 центи или 1,1 отсто на 58,62 долари за барел во Њујорк, а северноморската „брент“ за 59 центи на 62,10 долари за барел во Лондон.
Доларот ослабе на 107,67 јени од вчерашните 108,67 јени, додека еврото скокна на 1,2358 долари од 1,2284 долари.
Во Азија, токискиот индекс Никеи падна за 0,7 отсто, а хонгконгшкиот Ханг Сенг зајакна за 1,4 отсто.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници