Нов оглас за средства од ИПАРД
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави годинашниот втор јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД програмата.
Огласот ќе трае до 15.09.2015 година.
Финансиските средства се наменети за мерката 101 - инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на европските стандарди, за мерката 103 - инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба, како и за мерката 302 - диверзификација и развој на руралните економски активности.
Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се преземат од веб-страницата на Агенцијатаwww.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата или нејзините работни единици од 8:30 до 16:30 часот.
Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.
Ново на Сител
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател