Свет
21. February 2017 - 8:37

Петмина млади се уапсени во Лондон од полицијата за борба против тероризмот

Петмина млади на возраст од 15 до 19 години се уапсени вчера во Лондон во рамки на антитерористичка истрага. 

Тие се осомничени за подготвување терористички акции, се наведува во соопштението на полицијата за борба против тероризмот. 

- Апсењата се во врска со плановите за патување со цел приклучување кон забранета организација, се додава во соопштението, но не се прецизира дали станува збор за Исламска држава.