Македонија
9. January 2017 - 16:29

Поради грипот и вирусните заболувања двојно зголемени лекарските интервенции во Прилеп

Студеното време и поларните температури ги зголемија интервенциите на лекарите во Итната медицинска помош во Прилеп и во градската болница, посебно на инфективното одделение.
 
Според доктор Марјан Жежоски, специјалист инфектолог, од 30 до 40 пациенти дневно се хоспитализираат на инфективното одделение во градската болница „Борка Талески“, а исто толку и во дневната болница, главно, со компликации од грип.
 
- Во последниве две недели, во амбулантата при инфеткивното одделение секојдневно се прегледуваат од 80 до 100 пациенти, додека, пак, секојдневно на одделението имаме хоспитализирано 30 до 40 пациенти. Исто толку, 30 до 40 пациенти се хоспитализираат во дневната болница. Најчесто хоспитаслизираните се со дијагноза бронхопневмонија како компликација на грипот. Состојбата е слична и во другите одделенија, и во интерното и во детското одделение и капацитетите ни се преполни со пациенти, вели доктор Жежоски.
 
Од Итната медицинска помош информираат дека дневните интервенции двојно се зголемиле и се движа околу 200 интервенции дневно, најчесто поради вирусни заболувања.

Ново на Сител