Собранието расправа за Годишниот извештај на Народниот правобранител

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на третото продолжение на 103. седница ја започна расправата за Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедување, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2015 година.
Народниот правобранител Иџет Мемети во своето обраќање пред пратениците истакна дека во извештајната година констатирани се бројни повреди на уставните и законските права на поголеми групи граѓани. Тој посочи на незаконското следење на комуникациите-прислушувањето, мигрантската криза, наплатата на радио дифузната такса, ретроактивно укинување на правата за социјална заштита... кои, како што рече, се само дел од предметите по кои постапувал Народниот правобранител.
- Во извештајната година беа примени најголем број поплаки од граѓани откако постои институцијата Народен правобранител во Република Македонија. Постапивме по 5.336 случаи, а беа извршени над 8.000 разговори со граѓани на Македонија и странци за различни проблеми со кои се соочиле и им е даден правен совет. Карактеристика е дека значителен број граѓани, и покрај тоа што знаат дека народниот правобранител нема право да постапува, бараат помош, истакна Мемети.
Тој констатира дека во предметното работење во 2015 година имале повеќе повреди на човекови права по кои реагирале но и помалку прифатени интервенции од претходната година.
- Во предметното работење на Народниот правобранител констатиравме 1.514 повреди на човековите слободи и права, што е за 4,39 проценти повеќе од претходната година. Од нив во 1.238 случи беа прифатени интервенции, што е за 5,40 отсто помалку од претходната извештајна година. Во 117 случаи се уште чекаме одговор. Од една страна имаме раст на број на поплаки на граѓани, а од друга страна се намалува бројот на интервенции на омбусманот кои се прифаќаат од органите кои се надлежни да постапуваат, рече Мемети.
Нагласи дека во 2015 година повеќе институции ја попречувале работата на Народниот правобранител, додека останатите комуницирале само формално. Во однос на кадровската екипираност на Народниот правобранител, рече дека канцеларијата во Скопје наместо со четири работи само со еден заменик народен правобранител.
По паузата, Собранието проидолжи со расправа во однос на извештајот на Народниот правобранител.
Ново на Сител
-

Пленковиќ: Европа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината безбедност е загрозена
-

По Лондон, Зеленски патува во Брисел и Рим на разговори за американскиот мировен план за војната во Украина
-

Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко | ВИДЕО
-

Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија
-

Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Пресека
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
