Судот го одби барањето на Мијалков да биде ослободен од гонење за „Тортура“
Судот на денешното рочиште за „Тортуира“ го одби барањето на одбраната на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков да биде ослободен од гонење за апсењето на Љубе Бошковски во 2011 година.
На почетокот на рочиштето, бранителите на Мијалков побараа од судот да го отфрли обвинителниот акт за „Тортура“ и да ги ослободат од кривична одговорност обвинетите во овој предмет.
Според адвокатите, обвинителниот акт за овој предмет е поднесен 20-тина дена по истекот на рокот од 18 месеци во кои СЈО можело да поднесува.
СЈО се спротивстави на такворо барање, нагласувајќи дека судот позитивно одлучил по обвинението што значи дека судот го прифатил СЈО како овластен тужител.
Судијката Александра Ристеска го одби предлогот и рочиштето продолжи со сослушување сведоци.
Според Ристеска, мислењето на Врховен не е обврзувачко и ваквите забелешки одбраната требала да ги посочи кога се оценувало обвинението.
Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков, обвинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Запленети фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...
-
ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел